Синер се повлече од Мастерсот во Париз

Синер се повлече од Мастерсот во Париз

пред 2 месеци

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да игра на Мастерсот во Париз.

Ваква одлука донел, непосредно пред својот прв меч во француската престолнина, поради проблемот предизвикан од стомачен вирус.

Затоа не тренираше претходните денови, па повлекувањето беше логична опција. Сепак, тој посочува дека не е ништо сериозно.

„Не сум загрижен за Торино или Дејвис купот“, изјави Синер за „Скај Спорт“.

Синер требаше да игра против победникот од дуелот помеѓу Бен Шелтон и Корентан Муте, а неговото место сега ќе го пополни „лаки лузерот“ Артур Казо.

Завршниот Мастерс во Торино започнува на 10 ноември, додека почетокот на Дејвис купот е закажан за 21 ноември.

Share
Scroll to Top