Најголема победа во кариерата на Имбер, го елиминира Алкараз во Париз

Најголема победа во кариерата на Имбер, го елиминира Алкараз во Париз

пред 4 недели

Уго Имбер го совлада Карлос Алкараз во осминафиналето на Мастерсот во Париз со резултат 2:1 (6:1, 3:6, 7:5).

Meчот започна крајно неочекувано и шокантно. Имбер ја искористи целосната деконцентрација на Алкараз и поведе со 5:0 по само 20 минути. Алкараз не освои поен на втор сервис и направи неверојатни 15 неизнудени грешки. Имбер одигра смирено, колку што беше потребно за да го освои првиот сет за само 26 минути.

Беше јасно, во тој момент дека Алкараз ќе го подигне нивото на игра. Французинот продолжи да игра добро, но светскиот рекет број два го засили темпото и го направи единствениот брејк во вториот сет. Алкараз немаше ниту една можност за брејк во првиот дел од играта, додека во вториот ја искористи четвртата и поведе со 5:2. Имбер не можеше да се врати, па Шпанецот изедначи на 1:1.

Неверојатна битка беше видена во третиот сет. Во неколку гемови Алкараз го зголемуваше ритамот и го притискаше противникот, но брејк топки немаше. Имбер, во финишот повторно најде добар ритам во своите серви гемови. Првите брејк топки стигна во 12.гем кои беа и меч топки. Алкараз првата ја спаси со ас сервис, но не и втората, запо што Имбер започна да ја слави најголемата победа во кариерата.

Во следното коло Французинот ќе игра против Џордан Томпсон.

Share
Scroll to Top