Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес, oчекуваат милион посетители годишно

Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес, oчекуваат милион посетители годишно

пред 2 месеци

Децата на Диего Марадона најавија дека ќе ја основаат „Фондацијата Марадона“ за да го почитуваат наследството на аргентинскиот фудбалски идол и открија некои карактеристики на идниот споменик во центарот на Буенос Аирес, кој се очекува да има милион посетители годишно.

„Сакаме нашиот татко да биде блиску до љубовта на луѓето и да им ја исполни желбата на сите што сакаат да му донесат цвеќе“, објасни неговата ќерка Далма зборувајќи за спомен-обележјето.

Споменикот наречен „M10 Mеморијал“, кој треба да биде отворен во 2025 година, ќе се наоѓа на шеталиштето во срцето на главниот град, во туристичката област на старото пристаниште Пуерто Мадеро. Со покриена површина од 1.000 квадратни метри, споменикот ќе биде домаќин на еден милион посетители годишно.

Аргентинците ќе имаат бесплатен пристап, но можат да дадат донација на Фондацијата што ќе им овозможи да ја стават нивната фотографија на „ѕидот на наследството“ кај споменикот.

Во Фондацијата ќе бидат Далма, Џанина, Диего Јуниор, Јана и Диего Фернандо, децата што ги призна Марадона, од три различни врски.

На почетокот на октомври, судот одобри префрлање на телото на Марадона на овој иден споменик, со цел да им се олесни на Аргентинците и туристите да му одадат почит на „најголемиот идол на Аргентина“.

Марадона, кој почива на гробиштата во Бела Виста, предградие на Буенос Аирес, почина во ноември 2020 година на 60-годишна возраст од срцева слабост во болницата во Тигре, каде што се опоравуваше од операцијата поради хематом на главата.

Во март 2025 година, судењето треба да ги открие околностите на неговата смрт и потенцијалната негриж, а обвинети се седум лица: неврохирург, клинички лекар, психијатар, психолог, главна медицинска сестра, медицински сестри. Судството ја задржа квалификацијата за убиство од небрежност, за што е предвидена затворска казна од 8 до 25 години.

Share
Scroll to Top