(Видео) Фуминенсе го отпушти Марсело поради недисциплина

(Видео) Фуминенсе го отпушти Марсело поради недисциплина

пред 2 недели

Флуминенсе го раскина договорот со ветеранот Марсело. Левиот бек кариерата ја започна во Флуминенсе, а по успешната кариера во Реал Мадрид на „Маракана“ се врати во 2023 година.

Во вториот мандат со Флуминенсе, Марсело улествуваше во освојувањето на шампионатот Кариока (државен шампионат во Рио де Жанеиро) и Копа Либертадорес во истата година, како и во Рекопа Судамерикана (Суперкуп на Јужна Америка) во 2024 година.

„Флуминенсе му се заблагодарува на Марсело и ќе продолжи како и секогаш да го поддржува неговиот успех во сите предизвици“, во сентиментален тон го завршува официјалното соопштение клубот.

Сепак, на заминувањето на петкратниот освојувач на Лигата на шампионите и шесткратниот шампион на Шпанија со Реал Мадрид му претходеше инцидент.

36-годишникот се скарал со тренерот Мано Менезес, во финишот на натпреварот (2:2) со Гремио во 32. коло од Серија А.

Тренерот на Флуминенсе сакаше да ги внесе на терен Марсело и Маркињос во 90. минута за да ја зачува предноста од 2:1. Сепак, 174 сантиметри високиот дефанзивец бурно реагираше на последните инструкции на Менезес, па тренерот се откажа од планот.

Реиналдо го постигна израмнувачкиот гол од пенал во деветтата минута од судиското надополнување.

Првиот професионален мандат на Марсело во Флуминенсе траеше од 2005 до 2007 година.

Потоа следеше преселба во Реал каде играше до 2022 година, по што беше претставен како големо засилување за Олимпијакос. Не играше добро во Пиреја, а потоа се врати во клубот од Рио.

Тој беше дел од репрезентацијата од 2006 до 2018 година. Единствениот трофеј со „Селесо“ беше Купот на Конфедерации на домашен терен во 2013 година.

Улесник е на две Олимпијаси, Марсело дома донесе сребро од Лондон 2012 година и бронза од Пекинг 2008 година.

Share
Scroll to Top