Променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер

пред 2 години

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.

Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со значително пониска температура. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во текот на следната работна седмица, од УХМР прогнозираат дека утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, а дневните само понекаде ќе достигнуваат 20 степени. 

Текстот Променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top