Медиумите бараат смена на Анчелоти: Невозможно е да се избројат сите негови грешки

Медиумите бараат смена на Анчелоти: Невозможно е да се избројат сите негови грешки

пред 3 недели

Криза е зборот кој се провлекува низ текстовите на шпанските медиуми утрото по поразот на Реал од Милан во Лигата на шампионите. Поради се што се случува, двата убедливи порази и тоа на „Сантијаго Бернабеу“, од Барселона и Милан, медиумите се согласни дека под сериозно е загорозена позицијата на тренерот Карло Анчелоти.

Во последните два натпревари Реал загуби од Барселона (0:4) и Милан (1:3). „Марка“, медиуми традиционално близок до Реал, наведува дека ваквите резултати се скандалозни, пишува за уништувањето на Реал и неговата лоша позиција на табелата во Ла Лига и Лигата на шампионите.

„Реал Мадрид падна и веќе не е само прашање само, која беше дискутабилна од почетокот, во прашање се и резултатите. Проблемите се видливи и на семафорот и тоа е загрижувачко. Тимот на Анчелоти веќе претрпе повеќе порази оваа сезона (3) отколку што имаше во текот на целата минатат сезона (2)“, посочува Марка.

И други пишуваат слично. „АС“, наведува дека Реал „нема план“ и дека „оди од лошо на полошо“, а каталонски „Спорт“ кој го поставува прашањето „Што сега?“ е многу конкретен.

„Вистинска катастрофа“, се наведува и се изразува сомнеж за директен пласман на клубот во осминафиналето од Лигата на шампионите. Се издвојуваат свирежите на навивачите на натпреварот и нивниот плач на социјалните мрежи, го споменуваат Карло Анчелоти и бараат тој да биде сменет.

Анчелоти го критикуваат и за односот што го има кон Арда Ѓулер и Ендрик и падот на нивната вредност, а уште повеќе што изгледаше изгубено на последните два натпревари на Реал.

„Белингем е изгубен во селењето од позиција на позиција, Мбапе не е деветка, Винисиус продолжува со приватните битки и можеше да биде исклучен бидејќи го нарече судијата „луд“, одбраната е како сито, Чуамени не ни докажа дека е за нивото на Реал, во средниот ред целосно недостига креативност… Анчелоти има толку многу проблеми, невозможно е сите да се набројат“, стои во текстото на „Спорт“.

„Навивачите веќе го бараат враќањето на Зидан, па дури и на Солари, додека Чаби Алонсо не пристигне следното лето како вистински тренер на тимот. Новата констелација на ѕвезди на Реал досега се покажува како целосен неуспех и ако сезоната треба да биде спасена, итно е потребна промена во раководството“.

Зинедин Зидан во двата мандати во Реал Мадрид освои три Лиги на шампиони, две шампионски титули, два Суперкупа и две Светски клупски првенства, а во просек освојуваше трофеј на секои 24 натпревари. Реал под негово водство одигра 114 натпревари, а забележа 68 победи, 26 нерешени и 20 порази.

Share
Scroll to Top