Захарова: Изјавите на Трамп за прекин на конфликтот мора да бидат проследени со конкретни чекори

Захарова: Изјавите на Трамп за прекин на конфликтот мора да бидат проследени со конкретни чекори

пред 2 години

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска рече дека изјавите на Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина мора да бидат проследени со конкретни чекори.

Захарова за телевизијата „Русија 24“ рече дека изјавите на Трамп мора да бидат проследени со конкретни активности на кои ќе се фокусираат сите страни.
Според неа, Трамп разбрал дека САД треба да ги решат своите внатрешни проблеми, пренесе „РИА новости“.

Трамп, кој прогласи победа на претседателските избори во САД, рече дека планира да не почнува војни, туку да ги прекине.

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп моментно води против кандидатот на Демократската партија, Камала Харис, на претседателските избори во САД, а според последните проекции на АП, Трамп добил 267 електорски гласа, а Харис собрала 224.

Текстот Захарова: Изјавите на Трамп за прекин на конфликтот мора да бидат проследени со конкретни чекори е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top