Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, денеска, откога републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори, изјави дека „Америка и светот се спасени“ и дека мирот набргу ќе дојде.
Во објава на мрежата Х тој рече дека набргу ќе дојде мир во светот.
„Америка и светот се спасени. Ја победивме левицата. Мирот ќе дојде набргу“, рече Гренел, кој имаше високи позиции за време на првиот мандат на Трамп.
Трамп денеска прогласи победа на претседателските избори во САД и влегува во Белата куќа како 47. американски претседател, што ќе биде негов втор мандат.
Текстот Гренел за победата на Трамп: Америка и светот се спасени, мирот ќе дојде набргу е превземен од МАКФАКС.






