Песков негира дека Путин тајно му честитал на Трамп

Песков негира дека Путин тајно му честитал на Трамп

пред 2 години

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска ги демантира медиумските извештаи дека рускиот претседател Владимир Путин неформално, преку познајник, му ја честитал победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

„Ова се неверодостојни информации“, изјави Песков за RTVI, пренесе ТАСС.

Според последните податоци, Трамп на претседателските избори во САД освоил 295 електорски гласа, а кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, освоила 226 електорски гласа, пишуваат медиумите.

Текстот Песков негира дека Путин тајно му честитал на Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top