Чешката тенисерка Барбора Крејчикова ја совлада Коко Гоф (7:5, 6:4) и се зацврсти на првата позиција во групата Б на завршниот турнир во Ријад.
Ига Швјонтек беше елиминирана од понатамошното натпреварување, иако имаше ист скор како Чехинката и Американката, 2-1.
На крајот најдобра беше Крејчикова (5:2), па Гоф (4:2), па дури потоа Швјонтек (4:3).
Barbora wins the orange group! @BKrejcikova | #WTAFinalsRiyadh pic.twitter.com/7xTDkEeOgh
— Tennis Channel (@TennisChannel) November 7, 2024
Крејчикова во полуфиналето ќе игра против Чинвен Женг, додека Гоф ќе игра против Арина Сабаленка.
Тие средби се закажани за петок.