(Фото) Лепа Брена во моќно и луксузно издание издоминира на насловната на Vogue

(Фото) Лепа Брена во моќно и луксузно издание издоминира на насловната на Vogue

пред 5 дена

Лепа Брена на 64 години ги воодушеви сите со својот фантастичен изглед во модниот едиторијал за „Вог Адриа“.

Во ексклузивен едиторијал за престижен моден магазин, Брена покажа дека годините не се пречка за совршенство и виталност.

Нејзините фотографии не беа само модни прикази, туку вистинска уметност – комбинација на физичка дисциплина и емоционална сила.

Во елегантни комбинации, во кои доминираа моќни бунди, комплети и тренди чевли, Брена изгледаше речиси нереално.

Таа сè уште ја носи истата енергија што ја имаше на врвот на нејзината кариера.

Нејзините фотографии за „Вог Адриа“ не беа само моден едиторијал – тие станаа доказ дека Брена сè уште блеска, дека годините не значат ништо кога се работи за нејзината убавина и дека таа е вистинска југословенска ѕвезда, која не само што остана во срцата на нејзините фановите, и денес со право се позиционира како синоним за тоа како треба да изгледа една ѕвезда од нејзиниот калибар. Блескава класика, безвременска убавина.

Share
Scroll to Top