Рома го отпушти Иван Јуриќ

Рома го отпушти Иван Јуриќ

пред 4 дена

Иван Јуриќ (49) доби отказ од Рома по денешниот пораз од Болоња на „Олимпико“ со 3:2.

Јуриќ ја презеде Рома на 18 септември од Даниеле Де Роси, а во сите натпреварувања оствари учинок од четири победи, три нерешени и пет порази. Рома ја остава на 12. место во Серија А со 13 бодови, а во Лига Европа римјаните се на 20. место со пет бода и скор од една победа, две нерешени и еден пораз.

Рома под негово водство играше лош и неефикасен фудбал, а на Јуриќ му пресуди очајната форма во италијанскиот шампионат во последните пет натпревари. Рома во тој период загуби четири пати. Покрај тоа, тој се скара и со најдобриот играч Пол Дибала, го отстрани од тимот, поради што Аргентинецот не играше против Болоња.

Последните пет натпревар на Рома во Серија А:

Рома – Болоња 2:3
Верона – Рома 3:2
Рома – Торино 1:0
Фиорентина – Рома 5:1
Рома – Интер 0:1

Јуриќ во кариерата ги водеше Мантова, Кротоне, Верона и Торино, а во три наврати беше и тренер на Џенова. Пред Рома три сезони го водеше Торино

Share
Scroll to Top