„Уште не е подготвена“: Џенифер Лопез избегнува романтични врски по разводот

„Уште не е подготвена“: Џенифер Лопез избегнува романтични врски по разводот

пред 8 часа

Пејачката и актерка Џенифер Лопез решила да се одмори од романтичните врски по разводот со Бен Афлек и да се фокусира на кариерата, пишува Дејли мејл. Работата моментално и е приоритет, а и покрај шпекулациите дека „сака да ужива“, Лопез наводно не планира да започне нови врски.

„Како и повеќето луѓе, Џен би сакала повторно да ја пронајде љубовта, но во моментов е посветена на себе. Ако дојде љубовта, таа ќе ја прифати, но не сака да влегува во нови врски во моментов. Таа е фокусирана на нејзината работа и сака 2025 година да и биде година на враќање, на она што ја прави посебна. Таа сè уште се справува со загубата на Бен и не е подготвена активно да се забавува“, рече извор близок до Лопез.

Тој исто така додава дека Лопез обично има тенденција брзо да влегува во нови врски по раскинувањето, но сега таа се обидува да ја промени таа динамика и да проба поинаков пристап.

Во едно претходно интервју Лопез зборуваше за тоа колку и е тешко да биде сингл по четвртиот неуспешен брак.

„Мислев дека научив да се справувам со тоа, но не сум. Ова лето морав да кажам: Време е да бидам сама. Сакам да си докажам дека можам да бидам среќна и исполнета без да се потпирам на другите“, рече таа.

Џенифер додаде дека моментално не ја интересира романса и дека не очекувала крај на бракот со Афлек.

Share
Scroll to Top