Мицкоски: Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години

Мицкоски: Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години

пред 6 дена

Постигнат е историски договор, вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Како што рече, за првпат на долг рок се постигнува договор кога станува збор за зголемување процентуално на паричната маса која што е потребна за да се исплаќаат платите на здравствените работници.

Мицкоски изрази благодарност и до синдикалните организации и синдикатите кои што, како што рече, конструктивно со свои идеи учествуваа во овој цел процес, заедно со Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, неговиот советник, Лазар Јовевски.

„Навистина постигнавме еден договор кој што има историска димензија, покрај овие коефициенти кои што зборувавме сега што би значело зголемување за 10 проценти на паричната маса која што се издвојува за плати. Веќе следната година во март месец ќе имаме дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници, следната година 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, да се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција, а работиме на тоа“, објасни Мицкоски.

Додаде дека истото тоа зголемување од 5 до 7 процени на паричната маса ќе биде и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 година.

„Или кога ќе го земете целиот овој период во низа добиваме зголемување на паричната маса потреба за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти. Навистина нешто кое што претставува историско и јас очекувам дека во текот на следните денови, повторно и од Министерството за здравство и од Фондот ќе излезат со нови позитивни пораки за здравствените работници и со тоа го заокружуваме тој циклус“, рече Мицкоски.

Следно кое што следи, како што најави, е реформи во самиот здравствен систем за граѓаните го добијат она кое што го заслужуваат.

 

Текстот Мицкоски: Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top