Нокс Џоли-Пит го украде вниманието на црвениот тепих

Нокс Џоли-Пит го украде вниманието на црвениот тепих

пред 4 дена

Анџелина Џоли на доделувањето на наградата во Лос Анџелес се појави со синот Нокс. Тоа беше 15-тото доделување на Annual Governors наградите, а 49-годишната актерка блесна во едноставен фустан во златен тон. Таа не се одвојуваше од нејзиниот 16-годишен син кој ја следеше во елегантен костум.

Нокс со насмевка им позираше на фотографите, а фотографиите брзо станаа вирални на социјалните мрежи. „Нокс изгледа како ликот што вештачката интелигенција го исфрла кога ќе и го дадете да го замислите детето на Анџелина и Бред“, „Каков пресек на родители“, се само дел од коментарите за изгледот на момчето кое изгледа како чист пресек на мама и тато.

Нокс последен пат беше видена на јавен настан на гала-проекцијата на „Eternals“ на Марвел студио во октомври 2021 година со неговите браќа и сестри Шајло, Захара, Вивиен и Медокс.

Нокс има сестра близначка Вивиен и тие се најмладите членови на семејството. Родени се на француската ривиера, во Ница.

Share
Scroll to Top