Миленковски: Од Владата јасно ни кажаа Миленко во Вардар или клубот нема да постои

Миленковски: Од Владата јасно ни кажаа Миленко во Вардар или клубот нема да постои

пред 1 ден

Фото/ facebook.com/FKVardarSkopje

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, пред десет дена официјално го доби новото раководство. Промените во Вардар беа најавени во текот на летото. Мнозински акционер во клубот е Атила Бижен Жалили, 15 отсто од кациите има здружението ,,35 години Вардарци Скопје” кое што раководеше со клубот во минатата сезона,

Претставникот на здружението „35 години Вардарци Скопје“, Милорад Миленковски на прес-конференција за јавноста откри кои ќе бидат седните чекори. Откривиајќи ги и имињата на луѓето кои се во Одборот на директорот, Миленковски кажа дека му е „жал што новиот извршен директор на клубот Миленко Неделковски и другите членови на управата не се присутени на прес конференцијата“.

„Сакавме да одржиме заедничка прес конференција, но никој не дојде. Мислам дека Миленко Неделковски немаше храброст да дојде. Затоа и се прашуваме дали тој е вистинскиот човек за Вардар? Каква порака остава човек кој само објавува статуси на социјалните мрежи. Ќе беше добро да се појави и сопственикот Жилали, него се уште не сме го сретнале, досега сме имале контакти со негов претставник“, рече Миленковски и потоа откри дека и покрај противењето, здруѓениет морало да се согласи Милено Неделковски да биде назначен за извршен директор.

„Имавме средба во Владата на почетокот на летото кога ни кажаа дека имаат решение за Вардар. Тогаш инсистираа да ги предадеме акциите и на чело на клубот да дојде Миленко Неделковски. Првично не го прифативме тоа, но потоа бевме приморани да се спгласиме. Кога разговаравме во Владата ни беше кажано: „или Миленко ќе биде во Вардар, или клубот нема да постои“. Моравме да попуштиме и да се согласиме“, рече Миленковски.

Share
Scroll to Top