Од синоќа, со оглед дека нема автобуси, на социјалните мрежи се споделуваат повици за оние кои одат на работа со автомобил да превезат некого кој очајно чека на автобуските постојки.
– Апел до сите што одат на работа со сопствено возило да застанат на најблиската автобуска станица и да прашаат студенти, пензионери дали има некој да превезат до попатната дестинација, се споделува во фејсбук групите.
– Утрово со кола одејќи накај работа, застанав и качив 3-ца од станица и ги однесов до работа. Луѓето чекале 45 минути автобус на ладново. Бидете хумани, добри ЛУЃЕ, качете и вие некого и однесете го/ги до одреденета локација. Ладно е, нема автобуси, сподели скопјанец во фејсбук групата „Стари Скопјани“.
– Изутрина и во тек на денот ако проаѓате со кола на автобуска и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе! – повика Ѓорѓи Галетановски, претседателот на Градската организација на СДСМ.
Текстот Колапс на јавниот превоз, скопјани се солидаризираат: „Застанете ако сте со автомобил, превезете некого“ е превземен од МАКФАКС.