Напад со возило во Пакистан, убиени најмалку осум шиити

Напад со возило во Пакистан, убиени најмалку осум шиити

пред 3 дена

Најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени кога патнички возила со шиитски муслимани беа нападнати во северозападен Пакистан.

Нападот се случи во областа Курам во провинцијата Хајбер-Пахтунхва, каде во последните месеци се водат судири меѓу сунитското мнозинство и шиитското малцинство, при што во некои инциденти загинаа десетици луѓе, пренесе АП.

Претставник на локалната полиција Нусрат Хусаин рече дека возилата со патници патувале од Парачинар кон Пешавар кога отвориле оган.

Текстот Напад со возило во Пакистан, убиени најмалку осум шиити е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top