Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери во добри односи со рускиот претседател Владимир Путин, вели дека Западот треба сериозно да ги сфати заканите на рускиот лидер, пренесуваат медиумите во регионот.
„Сакам само да кажам дека кога Русите ги менуваат правилата за користење на нивниот нуклеарен арсенал, она што се нарекува нуклеарна доктрина, тоа не е комуникациски блеф“, рече тој, мислејќи на промените што Путин ги потпиша минатата недела.
„Тоа не е блеф. Доктрината е изменета и ќе има последици“, рече тој.
Според написите, Унгарија е меѓу неколкуте европски нации кои силно го поддржуваат режимот на Владимир Путин во Русија. Владата на Орбан постојано се противеше на санкциите против Русија, фрустрирајќи ја Европската унија и НАТО. Унгарија исто така се противи на помагање на Украина и на идејата Украина да се приклучи на ЕУ и НАТО, анализираат медиумите.
Текстот Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, тоа не е блеф е превземен од МАКФАКС.