Полската тенисерка Ига Швјонтек, до неодамна број еден на планетата, падна на допинг тест и поради тоа е суспендирана.
Оваа информација ја објави Меѓународната единица за интегритет (ИТИА), истата организација која претходно беше задолжена за случајот со Јаник Синер.
Се наведува дека Ига Свјонтек била позитивна на забранетата супстанција триметазидин (ТМЗ).
Истрагата на ИТИА покажа дека причина за позитивниот резултат е контаминација на стандардната медицинска терапија што ја земала тенисерката.
Затоа, слично како кај Синер, беше донесена пресуда дека моментално втората тенисерка на планетата не сноси директна вина за позитивниот наод.
Во своја одбрана таа нагласи дека немала намера да ја внесе забранетата супстанца во своето тело. Таа објасни како нејзиниот лекар, експерт за спортска медицина, и препорачал лек кој требало да ги намали негативните ефекти од џет-лаг поради постојаното патување, без таа да знае дека лекот ја содржи споменатата забранета супстанца.
ITIA објави дека Швјонтек прифатила едномесечна суспензија откако беше позитивена на допинг тестот во август оваа година.
Казната е ваква затоа што наводно Швјонтек немала намера да користи незаконски средства.
Беше објавено дека Ига веќе била суспендирана во текот на септември и октомври кога не играла на азиската турнеја.
Во текот на оваа година Швјонтек го освои Ролан Гарос, додека во полуфиналето на Олимписките игри во Париз беше поразена од Кинеската Женг.
Таа до неодамна беше број еден во светот, кога приматот го презеде Белорусинката Арина Сабаленка.