Есенски модел на капут кој чини и до 7.000 евра

Есенски модел на капут кој чини и до 7.000 евра

пред 7 часа

Есенското палто познато како моделот „Теди“ ја одбележа последната деценија.

Тој владее на модната сцена, а го носат и познатите дами, но присутен е и на улиците низ светот.

Култното парче го носеа Селин Дион, Ким Кардашијан, Ријана, Кејти Холмс и Макс Мара, потпишани се и помалку познати дизајнери и речиси сите урбани брендови.

Како што пишуваат странските медиуми, моделот на капутот „Теди“ е дизајниран во 2013 година и е инспириран од палтото на Макс Мара од осумдесеттите. Препознатлив е по волуменот и екстравагантноста, па е еден вид спој на гламур и разиграност.

Направен е од мешавина од мека волна и влакна од алпака, а по повод годишнината Макс Мара има специјална рекламна кампања со италијанската манекенка и актерка Маријакарла Босконо.

Инаку, во зависност од производителот, брендот и составот, за овој капут треба да потрошите од неколку десетици евра до 7.000 евра, колку што чинат некои ограничени колекции.

Share
Scroll to Top