Во рамки на 24-тото генерално собрание на Американската комора кое се одржа изминатава недела, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки.
Kомпанијата Зегин го доби признанието за компанија со една од најдобрите општествено одговорни практики, преку проектот “Партнерство за донирање” кој е поддржан од УСАИД , а имплементиран од Американската стопанска комора.
Признанието се однесува на хуманитарната трка “Зегин Спектратон- трка на херои во сите бои” како дел од кампањата за подигнување на свесноста за лицата со аутизам која е во фокусот на Зегин за оваа година.
Преку хуманитарната трка, но и со дополнителна донација од Фондацијата Д-р Верица Механџиска беа собрани средства со кои започна реконструкцијата на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутизам.
Со оваа кампања компанијата Зегин заедно со Фондацијата Д-р Верица Механџиска ја отвора шансата за подигнување на свеста, за едуцирање и за потсетување на општеството дека аутизмот не е ограничување, туку различен начин на постоење. Кампањата е упатување на повик за сочувство, за вклучување и за препознавање на сјајот во она што може да изгледа како хаос.
ПР
Текстот Компанијата Зегин се стекна со уште едно признание за општествено одговорна компанија е превземен од МАКФАКС.