Зеленски: Немавме доволно проектили за да го запреме рускиот напад на електраната

Украина до НАТО: Поканете не’ во Алијансата следната недела

пред 4 недели

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ги повика колегите од земјите-членки на НАТО да упатат покана до Украина да и се приклучи на западната воена алијанса за време на состанокот во Брисел следната недела, се наведува во текстот на писмото што го видел „Ројтерс“.

Писмото е уште еден обид за притисок на Киев да обезбеди покана за членство во НАТО, што е дел од Планот за победа за ставање крај на војната започната со руската инвазија на Украина во 2022 година, изнесена од претседателот Володимир Зеленски минатиот месец.

Украина вели дека прифаќа дека не може да влезе во НАТО додека војната не заврши, но повикот сега ќе му покаже на рускиот претседател Владимир Путин дека една од неговите главни цели, спречувањето на Киев да стане членка на НАТО, е неостварлива.

НАТО најави дека Украина ќе се приклучи на алијансата и дека е на неповратен пат кон членство. Но, Алијансата не издаде официјална покана, ниту постави временска рамка.

Дипломатите на НАТО велат дека во оваа фаза нема консензус меѓу членкитево врска со поканата за Украина. За таква одлука ќе биде потребна согласност од сите 32 земји-членки на НАТО.

Сибиха во своето писмо, напишано на англиски, тврди дека ова е вистинско време да се случи тоа: Сметаме дека треба да се упати повик во оваа фаза, нагласува.

 

Текстот Украина до НАТО: Поканете не’ во Алијансата следната недела е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top