Студеното утро донесе врнежи од снег во неколку градови и на планините

Студеното утро донесе врнежи од снег во неколку градови и на планините

пред 4 недели

АМСМ извести дека од 5:45 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, додека од 5.00 часот исто таква забрана има и на патот Маврово – Дебар. Врнежи од снег со променлив интензитет утрово се бележат на Попова Шапка, Ресен, Крушево, Струга, Охрид, Делчево, Маврово, и на планинските превои Буково, Ѓавато, Пресека и Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри утрово имаше на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.

Сите патни правци во државата се проодни. Надлежните апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Текстот Студеното утро донесе врнежи од снег во неколку градови и на планините е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top