СДСМ бара оставка од Тошковски по грабежот во подавницата за бела техника

СДСМ бара оставка од Тошковски по грабежот во подавницата за бела техника

пред 10 месеци

Како во лош криминален филм среде Скопје се случи вооружен грабеж во позната продавница за бела техника, во градскиот парк, велат од СДСМ и додаваат дека додека се уште работела продавницата, криминалците со качулки на главите и експлозивни направи кај себе извршиле дрско вооружено разбојништво.

„Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку веќе не се безбедни ниту во продавниците. Безбедноста на граѓаните е целосно нарушена поради неспособноста на Тошковски. Само еден ден пред овој вооружен грабеж, македонското знаме беше запалено а се пукаше со автоматски оружја. Пукачите не се приведени се уште. Безбедносниот систем е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Уште еднаш се потврдува дека Тошковски и МВР немаат контрола  над безбедноста, институциите не може да ја гарантирааат безбедноста на граѓаните како што треба. Во последните 5 месеци се случија над 20 вооружени инциденти и убиства. Ова е резултат и на партизацијата на МВР и безбедносниот апарат за политички интереси на Мицкоски и ДПМНЕ. Тошковски е најнеспособниот миистер во историјата и треба да си поднесе оставка“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Текстот СДСМ бара оставка од Тошковски по грабежот во подавницата за бела техника е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top