Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

ДУИ поднесе интерпелација за четворица владини функционери

пред 1 ден

Европскиот фронт предводен од ДУИ поднесе барање за интерпелација за првиот вицепремиер Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерката за внатрешни работи Астри Исени и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети, во Собранието го посочи Меџити како одговорен за лошото управување со состојбите во државата вклучително и меѓуетничките односи.

„Наместо да дејствува како гарант на меѓуетничкиот мир тој не успеа да ги заштити интересите на Албанците и не придонесе за зачувување на социјалната и меѓуетничката хармонија“, рече Беџети.

Според Европскиот фронт, министерот Тошковски и Исеими на Денот на албанското знаме, како одговорни лица и наредиле на полицијата на невиден и неоправдан начин да интервенира, спречувајќи мирна манифестација на Албанците. Според нив, оваа интервенција предизвикала непотребни тензии и ја поткопала атмосферата на мир и меѓуетнички соживот.

„Вицепремиерот Стоилковиќ, неговото непостапување при неодамнешните настани во Куманово кога изгореа неколку возила и продавници на Албанци се јасен доказ за неуспехот на Владата и на министерот Соилковиќ да се справат со меѓуетничките состојби со неопходна грижа и професионалност. Стоилковиќ не успеа да ја спроведе официјалната употреба на албанскиот јазик“ рече Беџети.

„Влен“ возврати дека ДУИ треба да си поднесе интерпелација саамата на себе.

Текстот ДУИ поднесе интерпелација за четворица владини функционери е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top