(Фото) Белата куќа изгледа како од божиќна бајка, поставени се околу 165.000 светилки

(Фото) Белата куќа изгледа како од божиќна бајка, поставени се околу 165.000 светилки

пред 3 недели

Овогодишната божиќна тема за украсување на Белата куќа е Сезоната на мирот и светлината, а поставени се 83 дрвја, речиси 3 километри украсни ленти, повеќе од 23.000 украси и околу 165.000 светилки.

Ова е последен Божиќ во Белата куќа за семејството Бајден, а првата дама им се заблагодари на повеќе од 300 волонтери кои помогнаа во украсувањето.

„На крајот од секоја година, се свртуваме кон надежта за подобро утре. Додека ги славиме нашите последни празници овде во Белата куќа, се држиме за вредностите што ги чуваме свети, имено: верата, семејството, службата за нашата земја, љубезност кон нашите соседи и моќта на заедницата, тоа е она што ја инспирираше оваа празнична тема“, рече сопругата на Џо Бајден.

Главната декорација е голема елка опкружена со вртелешка, што е најголемото отстапување од традицијата. Има и ѕвона кои ги красат ходниците и снегулки на таванот кои го претставуваат снегот што паѓа.

За декорацијата беше задолжен Брајан Рафанели, дизајнер кој соработуваше и со семејството Обама. Највпечатливо е дрвото во Сината соба, наречено Рингишпил на светлината, кое е украсено со светли коњи.

Во големата библиотека има повеќе од 100 керамички новогодишни елки – од 8 сантиметри во висина до речиси еден метар.

Share
Scroll to Top