Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е загрижувачко воведувањето на воена состојба во Јужна Кореја, кое беше откажано по неколку часа.
„Многу е загрижувачки да се слушне дека земја со која сме сојузници и пријатели, како Јужна Кореја, сега прогласи вонредна состојба. Мојата желба е таа да биде укината многу брзо“, рече Шолц, пренесе Ројтерс.
Тој истакна дека Германија е соочена со голема закана од саботажа и дека е потребно повеќе да се подготви за овие напади и да се стекне отпор кон нив.
Текстот Шолц: Воената состојба во Јужна Кореја е загрижувачка, Германија се соочува со сајбер-напади е превземен од МАКФАКС.