Полицијата денеска уапсила жена во околината на Деспотовац во чиј стан пронашла тело на бебе во замрзнувач, соопштија за Танјуг во СВР Јагодина.
Телото на бебето е испратено на обдукција, по што ќе се знаат деталите за случајот, пишуваат српските медиуми.
Според достапните информации, А.Ѓ. била самохрана мајка на пет деца.
„Во селото почнаа да кружат приказни дека таа го убила бебето. Полицијата веднаш дошла во станот во кој живеела мајката и го пронашла телото на бебето во замрзнувач. Се сомнева дека телото било таму неколку дена“, изјавиле извори за српски медиуми.
Истрагата ќе утврди дали мајката го убила бебето или детето е мртво родено. Петте деца се сместени во згрижувачки семејства.
Текстот Уапсена жена во околината на Деспотовац: во замрзнувачот било пронајдено тело на бебе е превземен од МАКФАКС.





