Австралиската инфлуенсерка и блогерка за патувања, Лилијан Таљари неодамна ги посети Малдивите каде нурна со група од 50 ајкули кои не се опасни и ретко напаѓаат луѓе. Но, една од нив и ги зари забите во десната нога додека таа лежерно пливала. Се снимил нејзиниот сопруг Метју, а Лилијан видеото го објави на Инстаграм.
„Знам дека веројатно ќе ме мразите поради ова видео. Да, пливам со ајкули. Да, сакам да се фотографирам со ајкули. Да, знам дека сум во нивното живеалиште. Значи, нема да се жалам. Тоа беше само мала несреќа што ме остави со слатки лузни. Ајкулите многу ретко касаат луѓе, а каснувањето е повеќе како цицање. Ова е само уште една приказна за раскажување“, напиша Лилијан во описот на видеото кое го наслови: „Мојот прв бакнеж со ајкула“.
Под нејзиното видео имаше многу коментари, а многумина се пошегуваа на сметка на залакот.
„Ова беше само потсетник дека не си шеф“, „Што и да кажеш, ќе имаш гадна лузна“, „Веројатно не си била вкусна за ајкулата, па се откажа“, „Кога природата ти дава до знаење дека не си ти главниот лик“, „Мислев дека ќе полудат кога ќе намирисаат крв“, „Можеше да им бидеш десерт, за среќа не им се допаѓаш“, напишаа луѓето.