Лукашенко: Белорусија транспортира многу стоки преку Русија, но има простор и за поголем потенцијал

Лукашенко: Белорусија транспортира многу стоки преку Русија, но има простор и за поголем потенцијал

пред 1 месец

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека земјата во моментов превезува големо количество стоки преку Русија, но нагласи дека има потенцијал за многу повеќе.

Тој посочи дека е многу корисно за двете земји белорускиот товар сега да се движи низ руските пристаништа, пренесе Тасс.

„Од една страна, тоа ги реши нашите логистички проблеми, а од друга, ќе обезбеди зголемување на приходите за руските компании“, рече Лукашенко на состанокот на Врховниот совет на Федералната држава Русија и Белорусија.

Текстот Лукашенко: Белорусија транспортира многу стоки преку Русија, но има простор и за поголем потенцијал е превземен од МАКФАКС.