Засилување на соработката за европска интеграција помеѓу Северна Македонија и Молдавија

Засилување на соработката за европска интеграција помеѓу Северна Македонија и Молдавија

пред 2 години

По потпишувањето на меморандумот за соработка со Молдавија во делот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, имаше средба и со Инa Кошеру, претседателка на Комисијата за надворешна политика и европска интеграција во парламентот на Република Молдавија.

Средбата беше фокусирана на унапредување на билатералните односи и засилување на соработката во процесот на европската интеграција.

Министерот Муртезани и претседателката Кошеру разговараа за важноста од усогласување на реформските агенди и зајакнување на парламентарниот дијалог. Тие го истакнаа значењето на размената на најдобрите практики во законодавната усогласеност, реформите во јавната администрација и унапредувањето на демократските институции.

Муртезани ја реафирмира подготвеноста на Северна Македонија во помагањето на Молдавија во нејзините реформски процеси, особено во областа на владеењето на правото и усогласувањето со правото на Европската Унија.

Претседателката Кошеру се заблагодари за поддршката од Северна Македонија и ја истакна улогата на меѓупартиската соработка за успешна имплементација на реформите. Муртезани и Кошеру ја потврдија заедничката посветеност за понатамошно зајакнување на партнерството во процесот на европската интеграција.

Текстот Засилување на соработката за европска интеграција помеѓу Северна Македонија и Молдавија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top