Мудрик позитивен на допинг

Мудрик позитивен на допинг

пред 4 недели

Фудбалерот на Челзи, Микаил Мудрик, бил позитивен на допинг тестот направен во октомври и е суспендиран до понатамошно известување, пренесуваат светските медиуми повикувајќи се на извори од Англија.

Според овие информации, најплатениот украински фудбалер, кој во јануари минатата година од Шахтјор Доњецк се пресели на „Стемфорд Бриџ“ во трансфер вреден 70 милиони евра, е подложен на уште една анализа, таканаречен Б примерок и се чекаат резултатите.

Медиумите не откриваат која забранета супстанца е пронајдена во телото на Мудрик, но се пишува дека тој најверојатно ќе биде надвор од теренот до крајот на тековната сезона. Засега ниту клубот ниту фудбалерот не се огласиле по повод позитивниот допинг тест.

Украинецот сезонава одигра само седум натпревари за лондонскиот тим, а последен пат беше на теренот на 28 ноември кога го одигра целиот натпревар од Конференциската лига против Хајденхајм, па дури и постигна гол во 86. минута, а „сините“ славеа со 2:0.