ФИФА го избра Винисиус за најдобр фудбалер во светот во 2024 година

ФИФА го избра Винисиус за најдобр фудбалер во светот во 2024 година

пред 18 часа

Бразилецот од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар светски играч за 2024 година страна на ФИФА.

Номинирани за „The Best FIFA Football Awards“ беа претежно играчи на Реал Мадрид, заедно со Манчестер сити, Барселона и Баер Леверкузен, а единствен кандидат кој не игра во Европа беше минатогодишниот победник, славниот Аргентинец Лионел Меси, сега член на Интер Мајами.

Винисиус Жуниор годинава блесна во дресот на Реал Мадрид, освојувајќи ја Лигата на шампионите и шпанското првенство.

Бразилецот овојпат го победи шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер сити, Родри, кој на крајот на октомври ја освои престижната Златна топка, која Франс Фудбал заедно со УЕФА ја доделува на најдобриот играч од претходната сезона.

Родри тогаш беше подобар од Винисиус, чиј клуб во знак на протест ја бојкотираше наградата.

Вечерва беше прогласена и најдобрата фудбалерка. Трофејот го одбрани Ајтана Бонмати, репрезентативката на Шпанија и Барселона, која исто како и Родри неодамна ја освои Златната топка.

Наградата за најдобар тренер му припадна на менаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, додека истата награда во женска конкуренција ја доби Ема Хејс, поранешна менаџерка на Челзи, а сега селектор на САД.

Наградата за најдобра голман му припадна на Емилијано Дибу Мартинес. Аргентинецот гобрани голот на Астон Вила.

Исто така вечерва беше избрани и идеалниот тим во 2024 година, го сочинуваат Е. Мартинез – Карвахал, Ридигер, Диас, Салиба – Белингем, Крос, Родри – Ламин Јамал, Винисиус, Халанд.

Share
Scroll to Top