Кристијано Роналдо капитенот на фудбалската репрезентација на Португалија го бојкотираше гласањето за најдобар фудбалер во избор на ФИФА.
Наградата му припадна на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.
Капитените и селекторите на сите репрезентации, членки на ФИФА, и по еден новинар од секоја од тие земји, гласаат за најдобрите играчи во светот. Одредено влијание имаат и навивачите. Секој избира и рангира по тројца играчи – првото место заработува пет поени, второто три, а третото еден поен.
И покрај тоа што е капитен на Португалија, Кристијано Роналдо не сакаше да гласа за фудбалерите. Своите должности му ги предаде на заменик капитенот Бернардо Силва.
Роналдо во последните години е разочаран од изборот на играчи кои се номинирани. Затоа тој не гласаше за Златната топка, туку ја делегираше и таа должност. Роналдо пет пати ја освојуваше наградата на ФИФА, а последен пат во 2017 година.
Својот глас не го даде ниту Златко Далиќ. Пред три години, селекторот на хрватската репрезентација почна да го бојкотира гласањето за наградата на ФИФА. Тоа беше по освоеното трето место на Светското првенство во Катар.
Тогаш Далиќ изјавил дека хрватската репрезентација не била доволно почитувана и дека нејзините играчи многу ретко се номинирани за слични награди.