Цените на моделите Samsung Galaxy S25, S25+ и S25 Ultra би можеле да останат исти како и кај актуелната генерација.

Се појавија информации дека серијата телефони Galaxy S25 ќе бидат поскапи од сегашната генерација во 2024 година. Сепак, новиот извештај сугерира дека цените ќе останат исти.

Сепак, постои можност овие спротивставени извештаи да бидат вистинити и во двата случаи, имајќи предвид дека серијата Samsung Galaxy S25 ќе има различни цени во однос на регионот каде што се продава.

Кога станува збор за северноевропскиот пазар, изворите сугерираат дека Galaxy S25, S25+ и S25 Ultra ќе имаат иста цена како и нивните S24 колеги.

Се појавија информации за пазарите во Шведска и Германија. Цените за Шведска се во круни, додека за Германија се во евра. Така, се очекува дека Samsung Galaxy S25 ќе чини 899 евра (128GB) и 959 евра (256GB), моделот Galaxy S25+ (256GB) би требало да има цена од 1.149 евра, додека моделот со 512GB би требало да чини 1.269 евра. Се очекува Galaxy S24 Ultra да чини 1.449 евра (256 GB), 1.569 евра (512 GB) и 1.809 евра (1 ТБ).

Доколку извештаите се покажат како точни, серијата Galaxy S25 треба да има чипсет Snapdragon 8 Elite, 12 GB RAM за стандардниот модел, додека двата поголеми модели треба да добијат 16 GB конфигурација на меморија. Се очекува и нова ултра-широка камера од 50 MP, додека останатите сензори би требало да останат непроменети.