Манчестер јунајтед загуби во четвртфиналето во Лига купот од Тотенхем со 4:3. Тренерот на Јунајтед, Португалецот Рубен Аморим, втор натпревар по ред го остави надвор од тимот Маркус Рашфорд, 27-годишниот англиски напаѓач и поранешен репрезентативец. Рашфорд во вторникот изјави дека сака да го напушти клубот.
Неговиот тренер по натпреварот изјави дека не му е жал.
„Чувствувам дека ја направив вистинската работа за тимот. Мислам дека ова не беше грешка. Мора добро да ги избереме играчите. Секогаш се трудам, давам се од себе да го направам она што е најдобро за тимот“, изјави Аморим.
Рашфорд во последните две сезони повеќе е товар за тимот отколку што тимот имаше корист од него. Напаѓач со променливо расположение, сомнителна работна етика и недефинирана улога и позиција, сезонава на 24 настапи во сите натпреварувања постигна седум гола.
Имаше голем потенцијал кога беше помлад, забележа 60 настапи и постигна 17 гола за англиската репрезентација, но од лани не не добива повик да игра за националниот тим.
Јасно е дека за две страни најдобр е Рашфорд да го нашушти клубот. Ова најверојатно ќе се случи во јануарскиот преоден рок.