Одбројувањето до Новата година започна, а поставувањето елки во домовите го означи почетокот на празничната сезона за многу семејства ширум светот. За жал, меѓу шарените украси и блескавите топки, можеби се крие непоканет гостин.
Многу луѓе на Интернет признаа дека се во шок откако беше откриено дека гранките на елката може да содржат некаква маса слична на шишарка. На прв поглед, овие кожурци се безопасни, но тие всушност кријат стотици јајца од богомолка. Топлината на вашиот дом може да предизвика нивно брзо излегување, така што во домот може да настане наезда од ситни инсекти.
„Ако видите нешто вакво на вашата елка, веднаш извадете ја од дома!“, рече тиктокерката Lexi Natoli, чие видео привлече големо внимание.
Коментарите под видеото дополнително ја илустрираат оваа необична ситуација.
Додека некои реагираа со хумор – „Еве зошто користиме пластична елка веќе 10 години! “ – други ги споделија своите непријатни искуства.
@yolkfather If you see THIS on your christmas tree put it outside IMMEDIATELY 🎄 #greenscreen #christmastree #funfacts #psa #didyouknowfacts #christmastiktok ♬ Gothic Horror Dark Creepy Music Box(1316996) – kurata
Важно е да се напомене дека овие кожурци најчесто се наоѓаат на врвовите на гранките на вистинските новогодишни елки и лесно се камуфлираат меѓу иглите. Иако шансите да се најдат се релативно мали, експертите советуваат да се внимава.
Пред да ја внесете елката во куќата, внимателно проверете ги гранките и отстранете ги сите сомнителни предмети.
За оние кои не сакаат да ризикуваат, вештачките новогодишни елки често се споменуваат како побезбедна алтернатива. Без оглед на вашиот избор, внимателната проверка и навремената реакција може да гарантираат дека празничната сезона ќе остане без неочекувани гости.
Извор: blic.rs