На почетокот на следната година ќе пристигне телефон Xiaomi кој ќе има рекордна батерија меѓу врвните телефони на кинеската компанија.

Xiaomi 15 Ultra ќе биде следниот премиум телефон од кинеската компанија. Уредот веќе ги доби потребните сертификати, што сугерира дека ќе биде лансиран во текот на првиот квартал од 2025 година.

Во претходните протечени информации, добро познатиот дојавувач Digital Chat Station изрази незадоволство од големината на батеријата на прототипот на Xiaomi 15 Ultra. Сепак, во новиот извештај тој тврди дека хардверските проблеми на претстојниот телефон со чипот Snapdragon 8 Elite се „испеглани“.

Извештаите од Кина споменуваат дека Xiaomi најверојатно ги реши проблемите со големината на батеријата на моделот Xiaomi 15 Ultra нудејќи ја најголемата батерија досега во еден од своите водечки телефони.

За споредба, моделот Xiaomi 14 Ultra за Кина имаше батерија од 5.300 mAh, додека неговата глобална верзија доби батерија од 5.000 mAh. Овогодинешниот Xiaomi 15 Pro има голема батерија од 6.100 mAH, што сугерира дека 15 Ultra ќе има барем ист или поголем капацитет.

Телефонот може да има и поддршка за брзо полнење од 90 W, како и безжично полнење од 50 W.