„Заврши една ера, пет-шест првотимци ќе го напуштат Сити“

„Заврши една ера, пет-шест првотимци ќе го напуштат Сити“

пред 1 ден

Невидена криза го тресе Манчестер сити, а менаџерот Пеп Гвардиола минува низ најтешкиот период во кариерата. Сити загуби девет од последните 12 натпревари. Актуелниот англиски шампион, кој кој освои шест од последните седум титули во Премиер лигата, по 17 кола сезонава се наоѓа на седмото место со 12 бода помалку од лидерот Ливерпул.

Сити е далеку од врвот и се бори за место во Лигата на шампионите од кое во моментов го делат четири бода. На две кола пред крајот на регуларниот дел од новата Лига на шампиони, Сити се наоѓа на скромното 22. место, на само две позиции од линијата за испаѓање.

Поради горенаведеното, се очекува Сити да биде многу активен во следните два преодни рока, зимскиот кој започнува за девет дена и летниот по завршувањето на сезоната. Ова го потврди Гилем Балагу, каталонски новинар, инаку близок пријател и биограф на тренерот на Сити.

„Имам јасна слика за тоа што ќе се случи. Сити сака да се ослободи од пет или шест постојани членови на првиот тим и ќе донесе еднаков број нови играчи. Значи половина од идеалните 11 на Сити ќе си заминат, а ќе дојдат нови играчи. Тоа значи крај на една и почеток на друга ера. Кругот е завршен…”, рече Балагу.

Share
Scroll to Top