Жените во Сирија од новата влада бараат исти права како и мажите

Жените во Сирија од новата влада бараат исти права како и мажите

пред 1 месец

Илјадници жени се собраа денеска во североисточниот сириски град Камишли за да побараат новите исламистички владетели во Дамаск да ги почитуваат правата на жените и да ги осудат воените дејствија поддржани од Турција во северните региони на земјата кои се под контрола на Курдите.

„Бараме права на жените од новата држава, на жените не смее да им се одземат правата во овој систем“, рече Савсан Хусеин, активистка за правата на жените.

Курдската милиција, која ја предводи вооружената група Сириски демократски сили (SDF), поддржана од САД, е главната сила во областа. Но, рамнотежата на силите во Сирија се промени откако исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) навлезе во Дамаск и го собори Башар ал Асад од власт пред две недели, инсталирајќи нова администрација, шпишуваат светските медиуми.

Курдските групи во Сирија прифаќаат идеологија која ги нагласува социјализмот и феминизмот – за разлика од конзервативните сунитски исламистички ставови на ХТС, поранешен огранок на Ал Каеда.

Постои широко распространет страв меѓу Сиријците дека новата администрација во Дамаск ќе се приклони кон тврдокорното исламистичко владеење и ќе ги маргинализира малцинствата и жените во јавниот живот.

Портпаролот на сириската преодна влада, Обаида Арноут, минатата недела изјави дека „биолошката и физиолошката природа“ на жените ги прави непогодни за одредени владини работни места. Поради неговата изјава, жените во Дамаск веќе протестираа.

Текстот Жените во Сирија од новата влада бараат исти права како и мажите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top