Актерката Амбер Херд ја поддржа колешката Блејк Лајвли, која поднесе тужба за сексуално вознемирување против Џастин Балдони. Амбер изјави дека знае како е да се биде мета на кампања за оцрнување.
„Социјалните мрежи се апсолутна персонификација на класичната изрека „лагата оди на половина пат околу светот пред да излезе вистината“.
Имено, Амбер вели дека била жртва на оцрнувачка кампања што ја водел нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп за време на нивната судска битка за семејно насилство. Исто така, Блејк во тужбата истакна дека и таа била жртва на оцрнување.
Џастин Балдони го ангажираше експертот за управување со кризи Мелиса Нејтан во август оваа година, кога се плашеше дека Лајвли ќе поднесе тужба против него поради неговото однесување на снимањето. Мелиса ја основаше компанијата токму во август, а претходно работеше за фирмата што Деп ја најми да му помогне да се справи со судењето на Херд.
Целта на новиот ПР тим била, според тужбата, да ја заштити својата репутација и да ги сврти луѓето против Лајвли, за што сведочат приватните пораки и мејловите вклучени во тужбата.
Серијата приватни текстуални пораки користени како доказ во тужбата за сексуално вознемирување на актерката покажуваат дека Балдони се допишува со ПР менаџерката Џенифер Абел и експертот за управување со кризи Мелиса Нејтан за тоа како да се уништи угледот на Блејк Лајвли.
Џенифер Абел и испрати на Мелиса порака во која, меѓу другото, пишуваше: „Размислувам оваа недела да подметнам статии за тоа колку е ужасно да се работи со Лајвли. Само за да сме понапред од неа“.
На тоа Мелиса одговорила „исто така“ и истакнала дека има пријателка новинарка подготвена за приказна.