Бен Афлек ужива во својот живот без партнерка

Бен Афлек ужива во својот живот без партнерка

пред 2 дена

По разводот со Џенифер Лопез, Бен Афлек ужива во „сингл“ начинот на живот.

Извор близок до 52-годишниот актер изјави за Пипл дека актерот е „здрав, слободен и ужива во животот“ за време на празничната сезона и со нетрпение очекува да помине квалитетно време со своите деца по напорната година во неговиот личен живот.

„Бен ги поминува празниците со своите деца и е возбуден што Виолет ќе се врати дома за празниците“, рекол изворот.

Инаку, со поранешната партнерка Џенифер Гарнер ја има ќерката Вајолет (19), како и ќерката Серафина Роуз (16) и синот Семјуел (12).

Иако Лопез поднесе барање за развод во август по само две години брак, парот во последно време е многу често забележан во заедничко друштво. Во неделата тие повторно се собраа пред празникот во Сохо Хаус во Холивуд.

Во нивно друштво бил и синот на Лопез, Макс, кој пејачката го има со поранешниот сопруг Марк Ентони, кој исто така бил на забавата.

Интересно, Лопез и Афлек донеле одлука да останат пријатели и покрај тоа што не се во романтична врска. Извор близок до поранешната двојка изјави дека тие сакаат да „останат поврзани“ за време на разводот.

Share
Scroll to Top