Денеска од 15.00 часот на патен правец Тетово-Попова Шапка А2 и обратно, поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки товарни моторни возила, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Текстот Поради обилни врнежи од снег, забрана за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка А2 и обратно е превземен од МАКФАКС.






