Зелената партија ДОМ ја дава својата целосна поддршка за претстојниот граѓански протест “Марш за чист воздух”, што ќе почне денес од 12.30 часот, во организација на граѓани и здруженија.
Од ДОМ велат дека игнорирањето на понудените мерки од протестот пред две седмици од страна на повиканите институции е показател за нивната несериозност кон борбата за чист воздух и преземањето итни мерки за справување со загадувањето.
„Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да покажат одговорност и да преземат конкретни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето – од промоција на обновливи извори на енергија и воведување на енергетски ефикасни решенија до зајакнување на инспекциските контроли и казнување на загадувачите“, велат од партијата.
ДОМ ги повикува граѓаните кои се за хумано живеење во градовите да се придружат на протестот.
Текстот ДОМ го поддржува протестот за чист воздух е превземен од МАКФАКС.