(Видео) Пожарникарите во Калифорнија работат во смени до 48 часа: „Во моментов сите се на милост и немилост на ветрот“

(Видео) Пожарникарите во Калифорнија работат во смени до 48 часа: „Во моментов сите се на милост и немилост на ветрот“

пред 2 дена

Претседателот на Сојузот на професионални пожарникари во Калифорнија, Брајан Рајс, рече дека се справуваат со налетите на ветерот од 130 километри на час.

„Не можеме да го контролираме тоа“, нагласи тој.

Пожарникарите би можеле да работат во смени до 48 часа, најави претседателот на синдикатот.

„Овие мажи и жени ќе работат 24, 36, 40, 48-часовни смени. Нема да ги напуштиме опожарените места набрзо. Во моментов, сите се на милост и немилост на ветрот. И додека не видиме промена или слабеење од ветрот, нема да можеме да се опуштиме“, рече тој.

Портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Ерик Скот, потврди дека 25-годишната жена пожарникар се здобила со сериозна повреда на главата и била пренесена во локална болница.

Тој изјави дека неколку граѓани се здобиле со изгореници.

Текстот (Видео) Пожарникарите во Калифорнија работат во смени до 48 часа: „Во моментов сите се на милост и немилост на ветрот“ е превземен од МАКФАКС.