Папата Франциско, денеска, во своето неделно обраќање ги осуди луѓето што малтретрираат деца и оние што на кој било начин се соучесници во злоупотребата на малолетници.
„Бараме благодат повторно да го откриеме важното место што секое дете го зазема во божјото срце за никој да не биде соучесник во злоупотребите што се вршат врз него, но и жестоко да ги осудиме“, рече папата Франциско, објави АНСА.
Тој рече дека „децата заземаат привилегирано место во божјото срце“ и дека секој што ќе им наштети „ќе мора да одговара за тоа пред Бога“.
Текстот Папата Франциско ги осуди малтретирањето и злоупотребата на децата е превземен од МАКФАКС.