(Видео) Жена во Германија фрли торта во лицето на поранешен министер

(Видео) Жена во Германија фрли торта во лицето на поранешен министер

пред 1 ден

За време на предизборен собир на Слободната демократска партија (ФДП) во Грајфсвалд, Германија, во покраината Мекленбург-Западна Померанија, поранешниот министер за финансии Кристијан Линднер беше нападнат од член на локалниот огранок на Младата левица.

Додека Линднер држеше говор, една млада жена му пријде одзади, му кажа неколку зборови, а потоа му фрли торта во лице. Линднер и намачка дел од пената по косата на жената, по што обезбедувањето ја собори на подот.

Текстот (Видео) Жена во Германија фрли торта во лицето на поранешен министер е превземен од МАКФАКС.