Израелски официјален претставник потврди: Хамас даде зелено светло за договорот за прекин на огнот во Газа

Израелски официјален претставник потврди: Хамас даде зелено светло за договорот за прекин на огнот во Газа

пред 17 часа

Висок израелски функционер потврди денеска дека Хамас се согласил на договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, предложени од Катар, пренесе Ројтерс.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, висок израелски функционер изјави за веб-страницата „Вала“ дека е постигнат напредок во преговорите со Хамас за договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.

Веб-страницата цитираше друг официјален претставник дека Израел е оптимист дека договор ќе биде постигнат најдоцна до утре.

И палестински извор изјавил дека има напредок во разговорите во Катар и дека договорот најверојатно ќе биде потпишан до утре, објави Тајмс оф Израел.

Неименуваниот извор изјавил дека е постигнат напредок на состанокот на лидерите на Хамас, што се одржа рано утрото, каде што биле решени речиси сите прашања, вклучително и она со мапите.

Текстот Израелски официјален претставник потврди: Хамас даде зелено светло за договорот за прекин на огнот во Газа е превземен од МАКФАКС.