„За Соња“: Ѓоковиќ победата ја посвети на прегазената студентка во Србија

„За Соња“: Ѓоковиќ победата ја посвети на прегазената студентка во Србија

пред 1 година

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, денеска, по пласманот во осмина-финалето на Австралија опен, својата победа ѝ ја посвети на Соња Поњавиќ, студентката што вчера беше тешко повредена во инцидент на една од блокадите на протестите во Белград.

Имено, Ѓоковиќ по победата со син фломастер на камерата напиша „За Соња“. Тенисерот, потсетува „Н1 Србија“, на крајот на минатата година, по трагедијата во Нови Сад, ги поддржа и студентите во борбата за правда.

Соња Поњавиќ, студентка во прва година на Правниот факултет, беше повредена вчера во центарот на Белград кога возач влетал во група студенти додека тие држеле 15-минутно молчење во чест на загинатите во падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад.

Од силината на ударот студентката се нашла на покривот од автомобилот, кој продолжил да се движи носејќи ја триесетина метри, а потоа паднала на земјата.

Полицијата соопшти дека го легитимирала и го затекнала возачот М. П. (38), кој е осомничен дека вчера околу пладне со автомобил „форд фокус“ удрил во 20-годишна жена. Се сомнева дека во автомобилот имало уште две лица, соопшти МУП, а „Телеграф“ ја објави неговата фотографија.
Насилникот веќе има досие, а бил осудуван дури седумпати. Сѐ уште не е познато за какви кривични дела е осуден. Сега тој може да биде осуден за тешко убиство во обид, пренесуваат медиумите во соседството.

Ивица Дачиќ, вицепремиер и министер за внатрешни работи на Република Србија, изјави дека белградската полиција во рок од 10 минути го пронашла возилото кое ја соборило 20-годишната девојка. Пет минути потоа, вкупно 15 минути по настанот, пронајдени се возачот на „фордот“ и уште две лица, кои биле во возилото со него, од кои едното малолетно“, рече Дачиќ.

Текстот „За Соња“: Ѓоковиќ победата ја посвети на прегазената студентка во Србија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top